Мени

Осветленa улицата од Средорек до Карпош

09.11.2012 09:03 | KumanovoNews

 Улицата “Доне Божинов“ од Спомен Костурница до населбата Карпош од неодамна е целосно осветлена.

Осветленa улицата од Средорек до Карпош

  Граѓаните кои живеат во овој дел од градот, непречено можат да се движат и во вечерните часови, а подобрена и сообраќајната комуникација. Уличното осветлување синоќа беше свечено предадено во употреба од градоначалникот и претставници од општинската администрација.

- Ова е еден од трите проекти кои минатата година се завршени со сретства од локалната самоуправа. Ова е најголемаљ должина и се протега од мостот во Средорек до бензинската пумпа Сателит. Поставени се 3 км подземен кабел и 100 метални столба, а проектот за осветлување на целата петља и улицата чини околу 5 милиони денари. Вториот проект е т.н. Лојанската петља, таа е завршена пред четири месеци, не чинеше 850.000 денари со 1 км подземен кабел и 12 столба, односно канделабри. И третиот проект завршен на крајот на минатата и почетокот на оваа година е во населбата Игор Тричковиќ од крстосницата горе дотромеѓанска петља. Тој проект чинеше околу 2 милиони денари - рече Дамјановски.

Тој додаде дека стотина илјади евра секоја година се трошат за одржување и замена на столбови, арматури, светилки, плус 12.000.000 денари се вложуваат за изградба во делот на  електрификација.