Отљанци натепале кумановец
19.11.2012 12:55
| KumanovoNews
Тројца жители на селото Отља во кафуле тепале момче од Куманово.
Инцидентот се случил кон крајот на август кога Ф.Ш.(33), Р.Ш.(34) и Б.Ш.(39), додека седел во летната бавча на кафулето “Ипсилон - еден“ го нападнале В.Љ.(24). Тие го удирале момчето со тупаници по главата и телото и му нанеле видливи повреди.
Отљанците ќе одговараат за кривично дело “насилство“.