„Отворен ден со младински организации“ во Куманово
24.03.2015 11:33
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во четврток од 12 до 15 часот, ќе се одржи „Отворен ден со младински организации“.
Оваа манифестација ја организираат Центарот за меѓукултурен дијалог и Националниот младински совет на Македонија, за да младите се активираат во некоја од невладините организации, да се информираат, да ги искажат своите желби и идеи. Пред кумановци ќе се претстават организации од Куманово, Крива Паланка и Свети Николе. Истовремено организациите ќе воспостават контакт за да во иднина реализираат заеднички проекти.