Отворен Меморијалниот турнир во чест на Мартин Симоновски
Во спортската сала на средното училиште “Перо Наков“ денеска започна Меморијалниот турнир во мал фудбал, во чест на Мартин Симоновски -\n Матрикс.
Турнирот го организира Социјалдемократската младина од Куманово, а на турнирот учествуваат 16 екипи од градот. Пред присутните се обрати Владисал Трајковски, претседател на СДММ.
“Ни претставува особена чест да организираме еден ваков турнир. Ви благодарам што дојдовте за да му одаадеме почит на нашиот другар Мартин Симоновски Матрикс“ - рече Трајковски.
На турнирот ќе се учествуваат екипите: “Ноне пром“, “Оли травел“, “Геро“, “Доктор Бато“, “Револушн“, “Моби три“, “СДММ“, “Глечери“, “Три брата“, “Франц Розман“, “Тино“, “Трговски“, “Шалке“, “Мерцедес“, “Корзо“ и “Џи технолоџи“.
Финалето е утре во 18 часот. За најдобрите ќе следуваат пехари, медали, благодарници, а пехар ќе има и за најдобриот играч на турнирот.
Меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на Мартин Симоновски, кој пред неколку години трагично загина, се организира трета година по ред.