Мени

Отворена изложбата „Шарено јајце“

01.04.2010 13:23 | KumanovoNews

На манифестацијата "Шарено јајце" која традиционално ја организира Центарот за култура „Трајко Прокипев„, учество зедоа ученици од сите основни училишта од градот, градинките и невладините организации.

Отворена изложбата „Шарено јајце“

Жирито во состав: Трајко Тошевски, Борис Кукуњавски и Јовица Станковски имаа тешка задача помеѓу 800 пристигнати експонати да го изберат најубавото велигденско јајце.

Задоволни сме од одѕивот на учесниците, како и од инвентивноста на учениците. Оваа изложба традиционално ја организираме по повод христијанскиот празник Велигден и можам да кажам дека и 20-тата манифестација е успешна. За најдобрите ќе доделуваме поединечни и групни награди. Ја користам оваа можност да им заблагодрам на ликовните педагози од училиштата кои со својот труд придонесоа да имаме уште една убава Велигденска изложба со уникатно украсени јајца - изјави Роберт Цветковски, стручен соработник во центарот.

Доделени беа 15 пофалници на поединци. Награда за најдобра колекција освои училиштето „Битолски конгрес“од село Лопате, а пофалници добија и детската градинка „Даја“ како и Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака“.

Прво место освои ученичката Ангела Јовановска од ОУ „Браќа Миладиновци“, втората награда и припадна на Андријана Јовановска  од „Кристијан Карпош“ од Умин дол, а третат и припадна на Теодора Крстевска од училиштето „11-ти Октомври“ од Куманово.

Беше доделена и награда за иновација , која оваа година отиде во рацете на шестооделенката Берна Даут од „Браќа Миладиновци„.