Отворена Католичка црква во Куманово
Од минатата недела започна со работа капелата на Католичката црква во Куманово со благослов на бискупот Киро Стојанов.
Капелата се наоѓа на улица „Бранко Богдански – Гуцман“ број 14, а на располагање на сите верници им се Дон Хуан и неговите два помошници.
Меѓу гостите на првата миса беа монсињор Антун Циримотиќ, претставници на Католичката црква од Струмица, господин Стјепан Глас и господин Миљенко Ненадиќ - од амбасадата на Република Хрватска во Македонија, претставници на амбасадата на Малта, гости од Скопје и Ниш, членови на Заедницата на Хрвати во Република Македонија – Огранок Куманово и други верници.
По благословот од страна на бискупот Стојанов оддржана е првата миса, а капелата беше полна со верници. Капелата ќе биде отворена секој ден, а миси ќе се оддржуваат секоја недела со почеток во 11 часот.