Мени

Отворениот Еко - интеркултурен ден ги воодушеви гостите

06.06.2012 11:23 | KumanovoNews

 Во основното училиште  “11 Октомври“ денеска се оддржа Еко - интеркултурен ден на кој присуствуваа родители, граѓани, гости од Скопје од Фондацијата за отворено општество Македонија и од американската агенција за меѓународен развој УСАИД.

Отворениот Еко - интеркултурен ден ги воодушеви гостите

 Присутните беа воодушевени од добрата организација и креативноста со која учениците работеле. Акцент беше ставен на мултиетничноста која треба да ги обединува , а не да ги разделува луѓето. Мултиетничноста како одлика на целиот град, но и на училиштето “11 октомври“.

Ние секој ден се разминуваме, ама немаме време да разговараме. Разговорот може да го направиме со насмевка, а насмевката не разбира делби и поделби, ни верска, ни национална поделеност. Таа говори на сите јазици. Да ја зачуваме да ни биде орудие за одење напред, и никогаш да не исчезне од нашите лица и нашите срца - изјави Мерилин Стојчевска, директор на ОУ “11 Октомври“.

Стојчевска вели дека Отворениот ден е ден без предрасуди и без разлики. Највпечатлива беше куќата со три соби која се наоѓа во холот на училиштето и ги обединува под еден покрив трите соби, српската, ромската и македонската.

Експонатите кои беа прикажани се изработени од децата, родителите и наставниците од ова училиште. Сите предмети ќе бидат сочувани и се планира во Скопје да се организира слична ваква манифестација од пошироки рамери.

Идејата за еден ваков Отворен Еко - интеркултурен ден ја поттикна директорката на училиштето кое денеска ја имаше улогата на домаќин.