Мени

ОУ „11 Октомври„ подготвено за патрониот празник

05.10.2010 13:37 | KumanovoNews

 По повод одбележувањето на 66-годишнината од постоењето училиштето изготви свечена програма под мотото "Татковината во октомври", во која се поместени повеќе настани и активности кои ќе се реазлираат до крајот на неделата.

ОУ „11 Октомври„ подготвено за патрониот празник

 Со спортскиот турнир во одбојка основното училиште „11 Октомври„ го започна одбележувањето на патрониот празник. По повод одбележувањето на 66-годишнината од постоењето училиштето изготви свечена програма под мотото "Татковината во октомври", во која се поместени повеќе настани и активности кои ќе се реазлираат до крајот на неделата.   

Честувувањето на празникот го започнавме денеска со турнирите во одбојка во машка и женска конкуренција, а планиравме и турнир во мал фудбал, но поради временските услови е одложен.Во програмата имаме една интересна манифестација, ликовна колонија насловена како Октомврсика скулптура каде ученици од повеќе училишта на 7-ми октоври во дворот на нашето училиште  ќе творат на оваа тема.Истиот ден е закажана и свечената седница на која очекуваме гости од повеќе општински училишта, родители, претставници од јавниот живот на Куманово.Традицонално и оваа година литературната секција ќе реализира и литературно читање - изјави Круне Младеновски, директор на ОУ „11 Октомври„ .

На свечената седница ќе бидат доделени благодарници на фирми и поединци, кои оствариле успешна соработка со училиштето.