ОУ “11 Октомври“ слави патронат
10.10.2012 08:20
| KumanovoNews
Основното училиште “11 Октомври“ по повод патрониот празник ќе организира повеќе културни и спортски активности.
Мотото на прославата е “Се на младите - се за младите“. Во петок ова училиште ќе реализира богата програма со Детска ликовна колонија која ќе трае од 9 до 12 часот. Напладне во просториите ќе се оддржи и свечена седница. Нешто подоцна ќе има културно уметничка програма, а во 13 часот ќе има коктел и најавена е посета од градоначалникот Зоран Дамјановски.