Мени

ОУ “Браќа Миладиновци“ свечено ги пречека првачињата

03.09.2012 08:08 | KumanovoNews

 Учителките и вработените од ОУ “Браќа Миладиновци“ денеска ги пречека првачињата на првиот училишен час.

ОУ “Браќа Миладиновци“ свечено ги пречека првачињата

Во ова училиште годинава се запишани стотина деца во прво одделение. Пред присутните се обрати директорката Марина Манојловска која им посака среќна учебна година на учениците.

 Ви посакувам училиштето да биде ваш втор дом каде ќе се стекнете со знаења, вештини, способности. Родители кои прв пат сте овде знам дека имате трема, а и јас која прв пат сум на ова место имам трема. Се надевам дека тремата ќе ја снема по овој говор. Верувам ќе нема недоразбирања. Нека ни е среќна новата учебна година на вас учениците, родителите и на нас учителите - рече Манојловска.

Родителите се трудат прихички да ги подготват децата за тргнување на училиште. Тие велат дека првачињата со нетрпение го чекаат овој ден.

 За моето дете раното станување не е проблем. Ја има таа навика да станува рано. Постојано прашува што и како ќе биде, што ќе учат. Веќе знае некои основни работи, бројки, букви - вели Марина Аврамовиќ, родител.

Постарите ученици од ова училиште изведоа неколку музички точки и рецитираа песни посветени на училиштето. Дворот беше преполн со родители, баби, дедовци, роднини кои дошле за да ги испратат првачињата и да има посакаат многу петки.