Овошките треба да се заштитат од болести
18.05.2012 08:33
| KumanovoNews
Поради променливото време кај овошките може да се појават одредени болести како што се пепелница или пламеница и затоа мора дрвцата навреме да бидат испрскани.
Сите овошни дрвја се осетливи и ако до крајот на мај не се испрскаат ќе дадат слаб и неквалитетен род. Ова се препорачува ако есента или пролетта се врнежливи. Ако во нормални услови се прскаат 3 пати, сега е неопходно да се прскаат 5 пати. Исклучок може да се направи со црешата бидејќи таа порано цвета и зрее - вели агрономот Велимон Томев.
Тој порачува дека истиве превентивни мерки треба да се применат и на лозјата. Ги советува земјоделците машински или рачно да отпочнат со копачење на плевелот по нивите.