Мени

Паѓа нов снег

16.02.2012 09:13 | KumanovoNews

  Врнежи од снег утринава повторно го зафатија Куманово. Снегот е со силен интензитет и веќе натрпа неколку сантиметри нов снег.

Паѓа нов снег

Според метеоролозите времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен снег во западните и југозападните делови со умерен, а во другите делови со слаб интензитет. Попладне ќе дува умерен до силен ветер од северен правец , наместа долж.Во повардарието и во источните делови ќе достигнува брзина над 70 км/час.

Утринава е измерена температура од -6 степени.

 Утре врнежите од снег ќе престанат и ќе дојде до разведрување. Минималната температура ќе се движи од -18 до -6, а дневната ќе достигне до 2 степени. Во деновите од викендот се очекува благо покачување на температурата.