Пакетчиња за децата без родители
Во просториите на Општината Куманово, денеска беа поделени пакетчиња за децата без родители сместени во згрижувачки семејства. Домаќин на дечињата и на нивните семејства беше градоначалникот Зоран дамјановски, кој им посака многу здравје и безгрижно детство во Новата година.
И оваа година не ги заборавивме најмалите, на оние, кои најмногу им се радуваат на новогодишните и божиќни празници, а пред се на познатиот Дедо Мраз. Со овој симболичен гест сакаме да им покажеме на дечињата дека не се осамени, туку има институции кои се грижат за нивниот развој и иднината. Бидете живи и здрави и горди граѓани на овој град, а на семејствата кои ги згрижуваат децата им посакувам исто така многу здравје и среќа, бидејќи без нив овие деца ќе немаат топол дом и среќно детство-рече градоначалникот Дамјановски.
Во знак на благодарност, дечињата на градоначалникот му испејаа неколку песнички. Пакетчиња беа поделени на 26 деца без родители до 15 години.