Мени

Пакетчиња за децата со пречки во развој

29.12.2009 15:07 | KumanovoNews

Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска ги посети децата згрижени во Дневниот центар за лица со посебни потреби и Дневниот центар „Порака“. Традиционално по повод новогодишните празници тој им подари новогодишни пакетчиња.

Пакетчиња за децата со пречки во развој

Градоначалникот никогаш не ги заборава лицата со пречки во развојот и веќе неколку години  ги посетува и им носи подароци - изјави дефектологот Сандра Крстевска.

Дневниот центар „Порака“ изрази голем благодарност до градоначалникот и локалната самоуправа поради тоа што помагаат финансиски во одржување на Центарот.

Овој дневен центар ги задоволува потребите на корисниците од сите аспекти.

И.И.