Мени

Пакетчиња за првооделенчињата во Старо Нагоричане

26.12.2014 15:32 | KumanovoNews

Градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Милован Стојковски, денеска подели новогодишни пакетчиња на правчињата во трите основни училишта во општината.

Пакетчиња за првооделенчињата во Старо Нагоричане

Поделени се вкупно 25 пакетчиња. Дечињата беа пријатно изненадени од подароците и приредија свечана приредба за градоначалникот и општинската делегација - вели Давор Арсиќ, портпарол на општина Старо Нагоричане.

Доделувањето на пакетчиња традиционално се реализира секоја година пред Новогодишните и Божиќните празници.