„Панче Пешев“ набави нови носии
Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ набави 12 женски носии за Повардарие, 6 елеци и повеќе од 30 чифта нови опинци.
Новите носии се набавени со скромни средства добиени од Министерството за култура и дел од парите кои се уплаќаат за чланарина.
Старите опинци беа дотраени, скоро боси играа децата. Ќе имаме сега нови носии, и размислуваме на тој план да обновиме нешто, меѓутоа со тешки маки, со молби, барање да имаме со што да излеземе надвор и во нешто поново да го презентираме македонскиот фолклор. Кога би имале пари почесто би ги обновувале носиите. Доколку ги чуваме носиите, правилно ги користиме и ги одржуваме како треба ќе траат повеќе. Настојуваме носиите да бидат поквалитетни, поблиски до оригиналите - вели Мирослав Крстевски, претседател и уметнички раководител на „Панче Пешев“.
Крстевски додава дека долги години носиите во друштвото не биле обновени.