Мени

Паралелките комотни, ученици се помалку

31.07.2012 09:00 | KumanovoNews

 Во градот нема училиште кое е преоптоварено со ученици, велат луѓе кои долги години се инволвирани во образованието. Ова важи и да училишта каде се образуваат деца од албанска националност.

Паралелките комотни, ученици се помалку

Родителите не секогаш ги запишуваат децата во најблиското училиште, туку во онашто го сметаат дека е поелитно и нуди поквалитетно образование. Во Куманово паралелките во просек  имаат од 24 до 34 ученика, но може да се формира и одделение со помалку од 24 ученика што е законски дозволено.

Оваа година ОУ “Крсте Мисирков“ има запишано повеќе ученици за разлика од ОУ “Браќа Миладиновци“. Оваа појава може да се објасни со фактот дека се селат родителите од еден во друг дел на градот. Во ОУ“Христијан Карпош“ се запишуваат доста деца, бидејќи таму се формираат нови населби. Во Гладно поле и Стари лозја ако има 70 куќи, тогаш сигурно има и деца за на училиште. За развиено се смета училиште ако во една генерација има седум класа. Во градот скоро сите училишта се комотни. Бројот на правачиња се намалува - велат нашите соговорници.

Од ромската популација само третина од децата се запишуваат во основно образование. Пред да бидат казнети родителите посетуваат едукација која има за цел да ги убеди децата да ги пуштаат на училиште. Ромските деца се запишуваат во три училишта во градот и тоа ОУ“11 Октомври“, ОУ“Крсте Мисирков“ и ОУ “Браќа Миладиновци“.

Паѓа наталитетот и нормално дека ќе има помалку деца. Условите се тешки, нема работа за да може млад човек да издржува семејство. А кога бираат, родителите сакаат детето да им учи во подобро школо - објаснува Ненад Тричковиќ од Куманово.

Вработените во образование велат дека заради демографско селење, само две училишта во градот имаат поголем број ученици, а кај другите има недостиг. Законот дозволува родителите да ги запишат децата каде сакаат по своја волја, дури и ако тоа е надвор од реонот на живеење.