Паричен надомест од 70.000 евра за семејствата на загинатите бранители
Владата одлучи на семејствата на загинатите полицајци во полициската акција во Куманово, да им додели финансиски надомест од 70.000 евра.
Според одлуката на Владата, на загинатите припадници на полицијата кои биле во брак, половина од сумата на надоместокот да биде доделена на сопругата, а половина на родителите на полицаецот. За таа цел, Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да подготви и да достави информација за потребите за дополнителна помош и поддршка на членовите на семејствата на загинатите полицајци.
Финансиски надомест ќе биде доделен и на припадниците на безбедносните сили кои беа ранети и повредени во акцијата. Награди ќе им се доделат на полициските припадници кои учествуваа во акцијата, како и на медицинските тимови ангажирани за згрижувањето на повредените од акцијата во Куманово.