Мени

Партиите да не го политизираат проблемот со водата

23.02.2012 16:37 | KumanovoNews

Раководството на Водостопанство „Кумановско-поле„ ги повикува политичарите во градот да не го злоупотребуваат проблемот со водоснабдувањето за лична промоција и во политички цели, туку да ги остават двете водоснабдителни претпријатија сами да изнајдат решение за настанатиот проблем.

Партиите да не го политизираат проблемот со водата

Тие велат дека се револтирани од паушалните изјави за техничкиот можности и капацитето на липковската акумулација кои се изнесуваат во јавноста.

Од сабота наваму толку се политизира проблематиката со водоснабувањето што некои луѓе, се обидуваат да зборуваат за техничките карактеристики на претпијатието, а само со една цел да прават политика. Слушаме како зборуваат за цевководот, а за тоа немаат реални сознанија. Граѓаните се толку загрижени и огорчени што со денови немаат вода што несакаат да слушаат празни приказни, туку ги интересира кога ќе добијат вода за пиење- вели Емрла Укшини, раководител на Сектор за експлоатација.

Од Водостопанство остануваат на тврдењето дека тие испорачуваат 220 литри во секунда вода, а не 160 како што тврди Водовод. Во делот што тие го покриваат  велат дека нема затворање на вентилите. Но, незнаат што се случува со 4 вентили на главниот вод кои се во сопстваност на Водовод и таму го лоцираат проблемот за намалениот дотур на вода.