Мени

Пчеларите бираат теми за предавања

13.11.2012 09:55 | KumanovoNews

 Во просториите на Здружение на пчелари “Пчела“ кое се наоѓа во клубот “Христијан Карпош“, пчеларите ќе ги утврдат темите за кои ќе има предавања секоја среда.

Пчеларите бираат теми за предавања

- Имаме предлог теми, нешто ќе се измени, ќе се дополни. Опфатено е се за пчелни семејства, паша, развој, заштита, пчелни производи. Од идната среда па се до април месец ќе има предавања, а предавачите се од Србија и Бугарија. Лани имавме и од Хрватска предавач. Пчеларите од Кратово и Крива Паланка иако си имаат свои здруженија, доаѓаат кога има интересни предавања, дури и од Гостивар имаше гости. Ние сме отворени за сите - вели Бранко Тасевски, претседател на Здружение на пчелари “Пчела“.

Тој вели дека во Куманово и околината има 65 регистрирани пчелари, но бројката на луѓе кои одгледуваат пчели е поголема.