Мени

Пчеларите ќе посетат пчеларник и работилница во Крива Паланка

16.04.2015 12:03 | KumanovoNews

Членовите на пчеларското друштво “Пчела“, следниот месец ќе посетат пчеларник и работилница за сандаци во Крива Паланка.

Пчеларите ќе посетат пчеларник и работилница во Крива Паланка

Целта на посетата е да научат нешто ново околу технологијата на одгледување на пчели и да видат каде се произведуваат сандаци за пчели.

Се работи за пчeларник кој има 50 до 60 кошници. Сопствeникот ќе ни каже како ги одгледува пчелите, ќе сподели искуство. Во Крива Паланка имало работилница каде се прават квалитетни сандаци за пчели, и ова е можност од таму да нарачуваат нашите пчелари. Куманово е голем град, но нема добар мајстор за сандаци и нашите пчелари купуваат увезени сандаци од Србија“- вели Бранко Тасевски, претседател на “Пчела“.

На овој начин кумановските, ќе ја интензивираат соработката со пчеларите од Крива Паланка.