Пчеларите да ги пријават пчелните семејства
25.10.2012 08:05
| KumanovoNews
Тече рокот за пријава на пчелните семејства. До 1 ноември пчеларите во Ветеринарна станица треба да извадат потврда, односно регистарски број за пчелните семејства кои ги поседуваат и за кои треба да добијат субвенции од државата.
Треба да се пријават зазимени пчелни семејства за да се аплицира за субвенции за 2012 година. Право да земаат субвенции имаат одгледувачи кои имаат над 35 пчелни семејства. За секое семејство им се исплаќаат по 500 денари - рече Бранко Тасевски, претседател на Здружение на пчелари “Пчела“.
Тој објаснува дека напролет има конкурс на кој пчеларите можат да конкурираат за добивање на опрема, сандаци и друго.