Пчеларите да се заштитат од убод на пчели
Пчеларите и граѓаните кои се во контакт со пчели треба да внимаваат и да се заштитат од агресивните матици за да не дојде до алергискир реакции.
Особено е значајно да носат заштитни капи и затворен шешир и да избегнуваат јаки парфеми кои можат да ги привлечат пчелите.
Во овој период од годината пчелите се ројат. Од едно поголемо семејство, две или три матици се повлекуваат и си формираат ново семејство.
Тие имаат изострено сетило за мирис и реагираат на јак мирис на детергент. Треба да не им се нарушува нивната територија. Пчеларите можат да земат антишок терапија, или лоратидин таблетка. Во Скопје се примаат и вакцини како превентива - вели Никола Трајановиќ, доктор по ветеринарна медицина.
Тој објаснува дека со зачадување треба да се приберат пчелите при роење. Трајановиќ додава дека 90 одсто од пчелите кои нема да се соберат во семејство угинуваат.