“Пчелка“ на игри без граници во Штип
10.10.2014 08:55
| KumanovoNews
Дечињата од големите групи од објектот “Пчелка“, градинката “Анѓел \nШајче“, завчера учествуваа на игри без граници во Штип.
“Децата од сите градинки се натпреваруваа во игри без граници и се, забавуваа. Со тоа им се потикнува натпреварувачкиот дух, се чувствуваат среќни и задоволни“ - велат од градинката.
Настанот беше организиран по повод одбележување на Недела на детето, а на него учествуваа 200 деца од Куманово, Скопје, Пехчево, Крива Паланка, Берово и домаќините од Штип.