Педесетина кумановци заболени од грип
05.01.2015 15:47
| KumanovoNews
Центарот за јавно здравје Куманово последнава недела регистрирал 47 заболени од грип.
Според евиденцијата најзастапена популација е од 15 до 64 години. Меѓутоа очекуваме дека по празниците, извештаите што ќе ги добиеме во наредните недели бројката на заболени ќе расте - кажа Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Куманово.
Вообичаено грипот зема замав во јануари и февруари. Од октомври па наваму регистрирани се 289 заболени од сезонски грип.