Мени

Пензионери ќе ја посетат Ораовица

10.07.2012 11:11 | KumanovoNews

 Пензионери од целата држава  ќе се дружат во радовишкото излетничко место Ораовица. На 15 месецов, средбата ќе биде од рекреативен карактер.

Пензионери ќе ја посетат Ораовица

Цените се пристапни и затоа има интерес. Пред извесно време го посетивме Дојран, а само за Власинско езеро имаше 300 пријавени пензионери. Средбата е замислена со музика, рекреација во природа, прошетка. Ораовица е радовишко село на 5 км од центарот на градот. Имаме програма за спорт, култура, за помош на старите лица и други сегменти од општествениот живот - рече Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.

Кумановските пензионери се прочуени, бидејќи се активни во драмската секција, а секој месец организираат по една или две екскурзии.