Мени

Пензионери инвалиди на дружба во Пелинце

28.07.2012 07:57 | KumanovoNews

  Здруженијата на пензионери инвалиди од земјата денеска ќе присуствуваат на традиционална средба во село Пелинце. Се очекува на овој собир да дојдат повеќе од 150 пензионери и тоа од Штип, Свети Николе, Велес, Кавадраци и други градови.

Пензионери инвалиди на дружба во Пелинце

Можно е да дојдат инвалидски пензионери од Врање, но сеуште не е потврдено. На секоја средба претседателите на здруженијата разменуваат искуства, зборуваат за проблемите и за тоа како да се застапуваат себе си пред органите на власта - велат од Здружението во Куманово.

На еднодневната екскурзија пензионери ќе се дружат во ресторанот кај Меморијалниот центар АСНОМ. Во земјава има триесет Здруженија на пензионери инвалиди.