Мени

Пензионерите ќе го посетат манастирот Св. Пантелеј

10.08.2012 07:44 | KumanovoNews

 Кумановските пензионери утре по трет пат ќе го посетат манастирот Свети Пантелеј во истоименото кочанско село, каде ќе се оддржи средба на пензионери од цела Македонија.

Пензионерите ќе го посетат манастирот Св. Пантелеј

Тоа е убаво село, има прекрасна природа и се наоѓа на 5 км оддалеченост од Кочани. Поканети се над 20 здруженија од цела држава и обично доаѓаат над 2000 пензионери. Во манастирот ќе има ручек за сите нас, но ограничени сме со тоа што можеме да поведеме само стотина луѓе. Предност имаат оние кои први ќе се пријават за екскурзија. Така е осмислено за да нема премногу гужва и да има простор за паркирање - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.

Домаќин на пензинерската средба е Здружението на пензионери од Кочани.