Пензионерите ќе ја посетат Западна Македонија
Кумановските пензионери утре ќе одат на еднодневна екскурзија во Западна Македонија. Тие ќе ги посетат Маврови Анови, Свети Јован Бигорски, Косоврасти, Дебар и Струга.
Пензионерите се заинтересирани за оние места кои досега немале можност да ги видат. За посета на Власинско езеро имаше огромен интерес. И ограноците од селата се почесто организираат екскурзии. Такви се ограноците од селата Клечовце, Пчиња, Агино Село, Умин Дол. Ако тие самостојно организираат екскурзија, ние со 30 отсто им помагаме за трошоци за превоз - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
Николовски вели дека според програмата годишно одат на десетина екскурзии. На 15 септември активот на жени пензионерки од Куманово ќе присуствува на средба во Кичево, а потоа слична таква средба ќе има и во нашиот град. Патувањата на пензионерите ги организира туристичката агенција „Јоцо-Турс„.