Мени

Пензионерите ќе се заблагодарат на донаторите

12.11.2012 10:31 | KumanovoNews

 Здружението на пензионери Куманово, утре во 10 часот во ресторанот Грација, организира свеченост на која благодарници ќе им бидат врачени на донаторите и истакнатите членови во здружението.

Пензионерите ќе се заблагодарат на донаторите

Ова е првпат со еден ваков гест да им се заблагодариме на донаторите кои не поддржуваат материјално. Некои се со нас од самиот почеток, некои подоцна се вклучија. Ги има 26 фирми,а и членовите на КУД“Ѓоко Симоновски“, членовите од драмската секција, нашите спортисти, поети ќе добијат благодарница - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.

На прославата ќе има неколку музички точки од КУД “Ѓоко Симоновски“.