Мени

Пензионерите инвалиди ќе шетаат во Штип и Герман

07.06.2012 06:43 | KumanovoNews

 Деновиве пензионерите инвалиди ќе организираат две еднодневни екскурзии, и тоа на 9 јуни ќе го посетат Штип, а утредента ќе одат во селото Герман. Екскурзиите се со рекреативен карактер.

Пензионерите инвалиди ќе шетаат во Штип и Герман

Во Штип ќе има средба, ќе дојдат Здруженија на пензионери инвалиди од цела Македонија и ќе има мал натпревар. Бидејќи се работи за луѓе инвалиди, најверојатно ќе има напреварување во шах, пикадо. Се зависи од интересот на пензионерите. Се договараме, но во целост не може да се спроведе програмата за културно - забавен и рекреативен живот на пензионерите - вели Станислав Стефановски, претседател на Здружение на пензионери инвалиди Куманово.

За екскурзијата во Штип досега се пријавиле дваесетина луѓе, а во село Герман ќе одат педесетина пензионери.

Стефановски вели дека во градот има две здруженија на пензионери инвалиди кои треба да се интегрираат. Тој додава дека Куманово има 1 700 пензионери инвалиди.