Пензионерите инвалиди купуваат дрва на рати
Во договор со Македонски шуми, триесетина пензионери, кои примаат инвалидска пензија, набавиле дрва за огрев и ги плаќаат на рати. Оваа пракса беше стопирана неколку години, а сега пак се активира колективното купување на дрва.
Им нудиме пристојни цени на членовите и квалитетно дрво. Ова не е со некоја приватна фирма, туку со Македонски шуми. На поединци не даваат попуст, ама преку нас дозволуваат да се земе на рати. Некои пензионери земаа дрва и уште од март ги плаќаат на повеќе рати, кој како сака. Земаат за своја потреба три или пет кубици огревно дрво - вели Станислав Стефановски, претседател на Здружение на инвалидски пензионери Куманово.
Тие ги повикуваат и останатите пензионери доколку се заинтересирани со нивно посредување да купат дрва на рати.