Пензионерите инвалиди на прошетка во Прохор Пчински
03.07.2012 07:08
| KumanovoNews
Членовите на Здружението на инвалидски пензионери на 7 јули ќе го посетат манастирот Прохор Пчински.
Пензионерите досега пројавиле голем интерес, а пријавувањето сеуште трае. За екскурзијата ќе бидат ангажирани два или евентуално три автобуса. Тргнувањето е во 7 часот наутро.
Пензионерите имаат направено програма за екскурзии во која се наведени повеќе дестинации за посета како Власинско Езеро, Нишка Бања, Крушево, Ресен, Вевчани и други места. Кои делови од Македонија ќе бидат посетени зависи од можностите и плановите на пензионерите.