Мени

Пензионерите организираат стрелање со воздушна пушка

21.04.2015 09:25 | KumanovoNews

Здружението на пензионери Куманово, утре во 17 часот во клубот кај Автобуската станица организира спортско стрелање со воздушна пушка.

Пензионерите организираат стрелање со воздушна пушка

Ова ни е редовен тренинг, преку кој се подготвуваме за учество на натпревари. Тренингот е од отворен карактер. Сите кои ќе дојдат ќе можат да ги покажат своите способности и квалитети. Во стрелачка секција имаме зачленето 20 пензионери - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.

Николовски објаснува дека последниве години имаат врвни успеси и достигнувања во оваа дисциплина.