Пензионерите се подготвуваат за спортски игри
Државен пензионерски натпревар за спортски игри ќе се оддржи во Скопје на 11 септември. По тој повод кумановските пензионери се подготвуваат бидејќи ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини.
Шах, стрелаштво, трчање на 60 и 80 метри, скок од место , табла, куглање се дисциплините во кои ќе се натпреваруваме. Поделени се пензионерите во две категориии според возраста, до 65 и над 65 години. Имаме натпреварувачи во машка и женска конкуренција. Досега сме постигнувале добри резултати. Четири пати бевме прваци, три пати втори на ниво на држава. И сега сме едни од посериозните кандидати - велат од Здружение на пензионери Куманово.
На најдобрите спортисти ќе им се доделат награди и пехари. Самото здружение за своите спортисти обезбедува комплетна спортска опрема.