Мени

Пензионерска ревија на народна музика

15.06.2012 07:16 | KumanovoNews

 Здружението на пензионери по десети пат организира регионална средба на која ќе гостуваат здруженијата од Центар, Гази Баба, Кисела Вода, Солидарност од Аеродром, а ќе дојдат и воените пензионери од Кратово и Крива Паланка.

 
Пензионерска ревија на народна музика

Пензионерите играорци ќе продефилираат низ центарот на градот. Најубавите ора и песни ќе бидат изведени во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ со почеток во 10 часот.  

 Куманово втор пат е домаќин на ваква манифестација. Планирано е да има 35 точки. Имаме наше фолклорно - уметничко друштво “Ѓоко Симоновски“ кое одбележува 10 години јубилеј. Ќе излезе Монографија и ќе има промоција на 20 септември кога се бележи светскиот ден на пензионерите - велат од Здружението на пензионери Куманово.

 Тие објаснуваат дека и на државно ниво ќе се направи ваква манифестација на која учество ќе земат пензионерите од сите пет региони од Македонија.