Мени

Перо Наков доби модерна спортска сала

10.11.2010 17:31 | KumanovoNews

Во Средното училиште „Перо Наков“ денеска на свечен начин беше предадена во употреба новоизградената спортска сала.

Перо Наков доби модерна спортска сала

Доградбата на спортскиот објект започна пред точно една година на поставени столбови пред 3 децении со средства од буџетот на Општината.

Локалната самоуправа несебично ни излезе во пресрет и се зафати да го реализира овој проект препознавајќи ги потребите на нашето училиште за изградба на оваа спотската убавица.Горди сме што после 30 години добивме еден модрен спортски објект во кој ќе може да спортуваат учениците ,младите, спортските клубови и останатите граѓани кои го негуваат спортскиот дух во Куманово-рече Момчило Антевски директорот на СОУ „Перо Наков“.

Градоначалникот Дамјановски ја пушти во употреба спортската сала и најави изградба на уште спортски објект во училиштето Христијан Тодоровски Карпош.

Инаку салата на Перо Наков е направена согласно меѓународните спортски стандарди со најдоврмена опрема за кошарка, мал фудбал, одбојка, ракомет и пинк-понк.Располага со 320 места на трибините и соблекувални и тоалети согласно професионални прописи за спортување.

Денеска во употреба беше пуштен и третит капитален проект-раскрсницата на булеварот Трета МУБ.Со изградбата на делницата кај Ловечки дом беше заокружен проектот за реконструкција на еден од двата булевари кој траеше 3 години.