Пет лекари од кумановската болница меѓу највредните во државата
Инфектологот Владанка Стефановска, неврологот Драги Караџински, ортопедот Стефан Трајановски, психијатарот Виолета Поповска и урологот Јордан Тасковски, сите од Општа болница Куманово се меѓу највредните лекари во државата за минатата недела.
Најголем број прегледи на урологија во Општа болница Куманово, има д-р Јордан Тасковски (124), а докторот со најмал број прегледи на истото одделeние извршил 57 прегледи, стои во соопштението од Министерството за здравство.
На одделението за дерматовенерологија, најголем број реализирани прегледи има д-р Mирјана Србиноска, која извршила 105 прегледи, додека доктор од истото одделение направил 102 прегледа.
Видлива е разликата во бројот на извршени амбулантски прегледи на одделението за интерна медицина каде д-р Никола Јанев има 79 прегледи, а негов колега направил само 32 прегледа.
Меѓу докторите инфектолози, најголем број прегледи реализирала д-р Владанка Стефановска - 168, додека докторот со најмал број реализирани прегледи на ова одделение има 92 прегледа.
На неврологија д-р Драги Караџински направил 95 прегледи, а докторот со најмал број извршени прегледи на истото одделение реализирал 37 прегледи.
Меѓу хирурзите најголем број прегледи реализирала д-р Љубинка Дамјаноска Крстиќ, со вкупно 70 прегледи, а докторот со најмал број извршени прегледи на истото одделение има 31 преглед.
На одделението за ортопедија, најголем број реализирани прегледи има д-р Стефан Трајановски (158) , додека докторот со најмал број прегледи од истото одделение извршил 86 прегледи.
На одделението за оториноларингологија, најголем број реализирани прегледи има д-р Фадиљ Малиќи (110), а негов колега има 62 прегледа.
На одделението за офталмологија, најголем број прегледи има д-р Али Далипи (86), а доктор од истото одделение извршил 62 прегледа.
Најголем број амбулантски прегледи на одделението за педијатрија во има д-р Снежана Станковиќ, со извршени 63 прегледи, додека докторот со најмал број реализирани прегледи на истото одделение има само 11 прегледи.
Меѓу докторите пнеумофтизиолози, најголем број прегледи има
д-р Светлана Петровска Талевска (51), додека докторот со реализиран најмал број прегледи, има извршено вкупно 47 прегледи.
На психијатрија највредна била д-р Виолета Поповска со 101 преглед, додека докторот со најмал број прегледи од истото одделение извршил 24 прегледи.
На одделението за гинекологија и акушерство, најголем број извршени прегледи има д-р Нисо Тасев (17), додека доктор со најмал број реализиранипрегледи од истото одделение има извршено 8 прегледи во текот на изминатата недела.