Пет улици без вода
22.10.2012 08:03
| KumanovoNews
Без вода утринава се домаќинствата кои живеат на пет улици во центарот на градот.
Вода нема на улиците “Тоде Мендол“, “Доне Божинов“, “Скопска“ и “Кирил и Методиј“. На овие четири улици има дефекти на водоводните цевки. Вработени од ЈП“Водовод“ работат на отстранување на дефектите. На улица “Чупино Брдо“ нема вода поради обнова на водоводна мрежа.
Други прекини во водоснабдувањето засега не се регистрирани.