Пет улици и селото Оризаре утре без струја
14.04.2015 13:52
| KumanovoNews
Пет улици во центарот на Куманово и липковското село Оризаре, утре ќе останат без струја.
Како што информираат од ЕВН, прекин на електричната енергија од 8 до 17 часот ќе имаат домаќинствата од улиците „Иво Лола Рибар“, „Никола Карев“, „Магдалена Антова“, „Живко Чало“ и „Светозар Марковиќ“, поради изведување на инвестициони зафати во мрежата.
Планиран прекин ќе има и во село Оризаре од 9.30 до 15 часот.