Мени

Пет улици се без вода

06.06.2012 06:34 | KumanovoNews

 Поради дефект на водоводнaта мрежа пет улици во градот утринава немаат вода.

Пет улици се без вода

Граѓаните кои живеат на улиците “Пробиштипска“, “Димитрија Туцовиќ“, “Илинденска“, “Студена Вода“ и “Железничка станица“ се без вода за пиење. Вработени од ЈП “Водовод“ се излезени на терен и за неколку часа ќе го отстранат дефектот. Во останатите делови од градот и приградските населби прекини во водоснабдувањето нема.