Петок неработен ден за сите граѓани
27.04.2015 10:39
| KumanovoNews
1 мај- Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на трудот.