Мени

Пијано момче запалило плевна

28.09.2012 13:16 | KumanovoNews

 Момче од селото Табановце во алкохолизирана состојба потпалило слама во плевна на соседот.

Пијано момче запалило плевна

В.Р.(20) од село Табановце во јули пијан отишол кај неговиот сосед К.П.(53), при што со запалка  предизвикал пожар во кој изгорела целата плевна. Момчето ќе одговара за кривично дело предизвикување општа опасност.