Пилот мерка за стекнување со професионални вештини
Во Центарот за вработување Куманово во наредните десет дена , младите активни баратели на работа од општините Куманово и Старо Нагоричане на возраст од 18 до 29 години, можат да аплицираат за стекнување со професионални вештини.
Мерката е за млади со завршено стручно образование кои не успеале да се вработат. Ќе се обучуваат за заварувачи, фризери, молери, фасадери, гипс картони, чевлари и реставратор.
Се нуди можност на потенцијалните кандидати да се здобијат со неопходното знаење и работни вештини директно на работно место и да се подобри нивната вработливост, гарантирајки ограничено време на вработување преку: обука во времетраење од 5 месеци, полагање и стекнување на диплома како и вработување најмалку 6 месеци - велат од Центар за вработување Куманово.
Заинтересираните повеќе информации можат да добијат и во ДРОМ во локалитетот Серава, организација која учествува во спроведување на проектот.