Мени

Писателите за 11 Октомври закажаа поетско читање

25.09.2012 09:45 | KumanovoNews

 На државниот празник 11 Октомври, писателите од Друштвото на писатели од Куманово ќе го посетат основното училиште “11 Октомври“ каде ќе читаат поезија.

Писателите за 11 Октомври закажаа поетско читање

И децата и писателите ќе се претстават со поетски творби. Ние тоа го нарекуваме поетски караван. Обично се читаат на тој ден патриотски песни. Сами се најавивме во училиштето и предлогот да се направи поетско читање беше прифатен. Потоа во план ни е да одиме во основното училиште во село Младо Нагоричане, но треба прво да се договориме со директорката - рече Божана Трајковска, претседател на Друштво на писатели Куманово.

Писателите ќе организираат поетско читање за пензионерите збогатено со две музички точки.