Мени

Планинари ќе се искачуваат на Китка и во Мариово

17.04.2015 12:09 | KumanovoNews

Планинари од планинарското друштво „Куманово“, во недела поделени во две групи ќе се искачуваат на планината Китка во близина на Скопје и ќе пешачат низ Мариово.

Планинари ќе се искачуваат на Китка и во Мариово

Искачувањето на Китка го организира скопското планинарско друштво „Трансверзалец“, а посетата на Мариово ја организира „Медикус“ од Битола.

Ќе го посетиме битолскиот дел на Мариово, ќе пешачиме од селото Живојно до селото Зовиќ каде е снимен филмот „Прашина“ на Милчо Манчевски. Другата група ќе планинари од село Горно Количани до планинарски дом „Китка“- вели Стојанчо Стефановски, претседател на „Куманово“.

Посетата на Мариово се организира по повод Светскиот ден на здравјето.