Планинари ќе се искачуваат на Олимп
Петмина планинари од Куманово заедно со планинари од скопското планинарско друштво “Кораб“ утре заминуваат за Грција каде е предвидено да се искачат на планината Олимп. Престојот во Грција ќе трае десет дена.
Во средината на јули, планинарите од Спортско рекреативниот клуб “Козјак“ од Куманово ќе заминат во Јагодина, и заедно со збратименото планинарско друштво “Руно лист“ ќе се искачуваат на врв висок 7070 метри. Тие ќе го посетат аква паркот и музејот во Јагодина.
Дел до членовите на нашето друштво секој викенд престојуваат во планинарскиот дом во село Длобочица. Луѓето се возат до село Арбанашко, а оттука пеш одат два часа до домот. Во август планираме да регрутираме нови членови кои се заинтересирани за планинарење - рече Мартин Величковски, секретар на “Козјак“.
Величковски објаснува дека најчесто соработуваат со планинари од соседна Србија и Бугарија.