Мени

Планинари од „Козјак 2013“ се искачуваат на Кочурац

30.08.2014 09:29 | KumanovoNews

Планинари од планинарско друштво “Козјак 2013“ денеска се искачуваат на српската планина Кочурац и на истоимениот врв висок 1568 метри.

Планинари од „Козјак 2013“ се искачуваат на Кочурац

На покана од планинарско друштво „ Железничар 2006“ од Врање ќе учествуваме на 8-миот Врањски планинарски маратон. Од “Козјак 2013“ ќе учествуваат околу 25 планинари од кои дел на патеката од 22 км, а дел на патеката во должина од 14 км. Нашите планинари по втор пат учествуваат на оваа манифестација - велат од друштвото.

Искачувањето на Кочурац е со ревијален карактер.