Планинари од „Куманово“ се искачија на Олимп
29.06.2015 12:41
| KumanovoNews
Група планинари од планинарското друштво “Куманово“, викендов се искачија на планината Олимп во Грција.
Го искачивме Олимп, митската планина, планината на олимписките богови со врвот Митикас, висок 2917м. Акцијата , што ја организираше планинарското друштво “Македон„ од Скопје беше перфектно организирана и изведена - велат од „Куманово“.
Планинарите од „Куманово“ неодамна се искачуваа на Шар Планина и Кораб.