Планинарската школа на „Козјак“ со настава во природа
27.04.2015 09:15
| KumanovoNews
Членовите на планинарската школа при ЗСПК „Козјак“ вчера реализираа час во природа.
Младите планинари пешачеа од село Степанце до мегалитската опсерваторија Кокино и обратно.
Темата беше организирање на една планинарска тура. Ова ни беше петти час во природа. Учесниците решаваа тестови и ваква настава ќе се реализира два пати месечно - вели Мартин Величковски, секретар во „Козјак“.
„Козјак“ традиционално организира планинарска школа, преку која младите планинари теоретски и практично учат работи кои многу ќе им користат во животот и ќе им помогнат полесно да се снајдат на планина.